Имено, како одговор на претходното барање на глумицата, адвокатите на Балдони се осврнаа на обвинението, наведувајќи го нејзиното тврдење како неточно. Правниот тим укажува, според „Пипл“ (People) - дека потенцијалните спорни информации можеле да дојдат од Лајвли, а не од нив.
„Таа не нуди никакви докази - бидејќи нема такви. Лајвли не објаснува зошто таквите протекувања на информации не би можеле да дојдат од неа, нејзиниот сопруг, адвокатите кои ја застапуваат“, тврдат адвокатите на Балдони.
Гласноговорникот на Лајвли, инаку, нагласи дека се задоволни од исходот од нејзиното сведочење и дека со нетрпение очекуваат „наскоро да сведочат против Џастин Балдони и другите обвинети“.
- Сведоштвото е доверливо со добра причина. На поротниците не им се даваат само транскрипти од сведочењето за да го читаат дома, туку тие го слушаат сведочењето презентирано на судењето под надзор на судијата, изјави нејзиниот претставник.
Покрај тврдењето за протекување информации, адвокатите на Лајвли побараа Судот да го избрше непрочистениот транскрипт од 292 страници од нејзиното сведочење, од запечатените документи. Правниот тим на Балдони, пак, ја доведоа во прашање потребата таа да го крие своето сведочење во тужба во којашто таа е тужител. Судењето е закажано за март 2026 година.