Поранешната сопруга на Бил Гејтс за документите за Епштајн: Тоа беа болни времиња, секој мора да одговараат

4.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поранешната сопруга на Бил Гејтс за документите за Епштајн: Тоа беа болни времиња, секој мора да одговараат

Таа рече дека е неверојатно тажна од обвинувањата против Епштајн и верува дека сите именувани во документите, вклучувајќи го и нејзиниот поранешен сопруг, мора да бидат повикани на одговорност.

„Многу сум среќна што сум подалеку од целата таа нечистотија“, рече Мелинда.

Двојката  инаку се разведе во 2021 година по 27 години брак.

Документите објавени од Министерството за правда на САД го вклучуваат тврдењето на Епштајн дека Бил Гејтс се заразил со сексуално пренослива болест. Тој го нарече тврдењето „апсолутно апсурдно“.

„Овие тврдења, од докажан, незадоволен лажго, се апсолутно апсурдни и целосно лажни“, рече портпаролот на Гејтс за обвинувањата.

Гејтс не е обвинет за никакво кривично дело од страна на ниту една од жртвите на Епштајн, а фактот дека неговото име е во досиејата не имплицира никаква криминална активност.

Американските медиуми објавија дека Мелинда Гејтс била вознемирена поради врската на нејзиниот сопруг со Епштајн пред нивниот развод.

- Единственото нешто што го покажуваат овие документи е фрустрацијата на Епштајн што тој немал трајна врска со Гејтс и до каде бил спремен да оди за да ги намами во стапица и да ги клевети - изјави портпаролот на Бил Гејтс.

Инаку, во една од многуте новообјавени е-пораки, се наведува дека Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе во светот, основач и поранешен директор на „Мајкрософт“ и коосновач на Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, се заразил со сексуално пренослива болест откако спиел со млади Русинки, објавува британски „Телеграф“.

Гејтс одговори на овие тврдења нарекувајќи ги „апсолутно апсурдни и целосно лажни“.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата