„Оскари“ 2026: Фаворити за најпрестижните филмски награди

13.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Оскари“ 2026: Фаворити за најпрестижните филмски награди

Меѓу фаворитите за најдобар филм се „Грешници“ на Рајан Куглер со рекордни 16 номинации, и „Една битка по друга“ на Пол Томас Андерсон - со 13 можности за најпрестижната златна статуетка. И двата наслови комбинираат силна критика за социјалните прашања и содржат извонредна глума. Иако „Една битка по друга“ изгледаше како фаворит на почетокот на сезоната на наградите, особено по „Златниот глобус“, одличјата на „Изборот на критичарите“ и „БАФТА“ наградите, „Грешници“ неодамна доби дополнителен импулс благодарение на наградата за најдобра екипа на доделувањето на „Наградите на актери“.

Американата Академија за филмска наука и уметност, меѓу другите 10 номинирани за најдобар филм ги смести и „Сентиментална вредност“, „Врвниот Марти“, „Хамнет“ и „Бугонија“. Скоро сите тие се среќаваат и во категориите за режија, како и оригинално и адаптирано сценарио.

Во категоријата најдобра женска улога, Џеси Бакли е фаворит за освојување на Оскар за нејзината улога како мајката и сопругата на Вилијам Шекспир во „Хамнет“. Меѓу другите номинирани се ветеранки кои веќе барем еднаш се номинирани за други одличја. Роуз Бирн, на пр., освои „Златен глобус“ за нејзината улога како преоптоварена мајка во „Ако имав нозе, ќе те шутнев“, и Норвежанката Рената Рејнсве за „Сентиментална вредност“.

Категоријата за најдобра машка главна улога останува најнепредвидлива. Пред сѐ, прв фаворит беше Тимоти Шаламет, кој освои „Златен глобус“ и награда „Избор на критичарите“, но „БАФТА“ и „Наградите на актери“ внесоа неизвесност - и Роберт Арамајо и Мајкл Б. Џордан освоија признанија. Во таа смисла, и Вагнер Моура за „Тајниот агент“ освои награди во Кан и „Златен глобус“, па ни тој не треба да се заборави.

Иако се сметаше за фаворит за „Оскар“, Тимоти Шаламе се најде во своевиден скандал по неговата изјава дека операта и балетот се застарени и непривлечни, коешто привлече бројни негативни критики, па според многумина, поради ова би можел да остане без наградата.

Трката за најдобра споредна женска улога е традиционално непредвидлива. Тејана Тејлор беше раниот фаворит за улогата во „Една битка по друга“, но Ејми Мадиган („Момент на исчезнување“) и Вунми Мосаку („Грешници“) не заостануваат.

Номинирани за најдобра споредна машка улога се Џејкоб Елорди за „Франкенштајн“, ветераните Стелан Скарсгард („Сентиментална вредност“) и Делрој Линд („Грешници“), како и претходните добитници на „Оскар“ - Шон Пен и Бенисио дел Торо за „Една битка по друга“.

Номинирани за најдобра режија се Клое Жао („Хамнет“), Џош Сафди („Врвниот Марти“), Пол Томас Андерсон („Една битка по друга“), Јоаким Триер („Сентиментална вредност“) и Рајан Куглер („Грешници“). Инаку, годинашното 98. доделување на „Оскарите“ ќе се одржи на 15 март, т.е. недела спроти понеделник, рано наутро. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата