Мајкл Даглас се прости од Роберт Дувал- играа заедно во бројни познати филмови (ВИДЕО)

17.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мајкл Даглас се прости од Роберт Дувал- играа заедно во бројни познати филмови (ВИДЕО)

Тие глумеа заедно во филм што многу луѓе го сакаат.

А тоа е „Паѓање“ од 1993 година, во режија на Џоел Шумахер.

„Почивај во мир, Роберт Дувал, еден од вистинските великани на сите времиња. Тој беше меѓу најпочитуваните актери во нашиот бизнис и засекогаш ќе бидам благодарен за можноста да соработувам со него на филмот „Паѓање“ пред многу години. Им го упатувам моето најдлабоко и најискрено сочувство на семејството Дувал“, напиша Даглас на својот профил на Инстаграм.

Веќе пишувавме за филмот „Паѓање“, кој ниту едно големо студио не сакаше да го направи, а сепак Мајкл Даглас се согласил.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата