Ова е прошталниот говор на Кевин Костнер на погребот на Витни Хјустон поради кој цела нација плачеше.
Филмот „Телохранител“ (The Bodyguard) ги поврзал Кевин Костнер и пејачката Витни Хјустон, а нивното пријателство траеше со години. Актерот во повеќе наврати откриваше тајни кои се криеле зад ова филмско остварување, но и емотивни моменти од последното збогување од музичката дива.
Витни почина на 11.02.2012 г. на 48-годишна возраст, а Костнер на нејзиниот погреб одржа говор кој траеше 17 минути, и покрај тоа што го замолиле да скрати. Неговата тетка инсистирала да зборува, а тој признава дека на почетокот не сакал. Говорот го пишувал цела недела, а кога стигнал во црквата имал чувство дека не е вистинската личност за таа работа.
Нивниот однос бил повеќе од професионален, бил длабоко пријателски и заштитнички, а Костнер никогаш не го криел тоа пред камерите и пред публиката.
Костнер во повеќе наврати истакнувал колку верува во Витни и негова била идејата таа да глуми во „Телохранител“ (1992), каде тој ја имаше главната улога и беше продуцент. Режисерот Мик Џонсон не сакал да ја ангажира, но Костнер бил упорен.
Навистина беше паметна. Тоа беше филм кој веројатно требаше јас да го режирам. Но, мислев дека некој би можел тоа да го направи подобро, но не му беше пријатно со неа. Таа беше мој избор. Јас бев актер, го продуцирав тоа и ја избрав неа – изјави тој за медиумите.
Тој објасни како одлучил во филмот да ја задржи песната “I Will Always Love You”.
Песната “I Will Always Love You” за малку немаше да биде во филмот, не требаше да се најде во тоа филмско остварување. Првиот избор беше “Where Do Broken Hearts Go”, но излезе година претходно во друг филм, па сметавме дека нема да има ист ефект и не можевме да ја користиме – објасни тој своевремено.
На погребот Кевин Костнер говореше доста емотивно.
Витни денес се враќа дома, таму каде што сè започна, и ве повикувам сите вас, кои сте овде и надвор, ширум земјата и светот, да ги запреме солзите, да прекинеме со тагата, а можеби и со својот бес, доволно, доволно за да се присетиме на слаткото чудо наречено Витни – беше само дел од говорот.
Според неговите зборови, таа била храбра и единствена.
И тоа беше товарот што ја направи голема. Витни, ако можеш да ме слушнеш сега, би ти кажал, не беше само доволно храбра и единствена, беше одлична. Ја отпеа цела таа проклета песна без бенд. Навистина верував дека беше единствената која во тоа време можеше да ја глуми Рејчел Марин. Не беше само убава, беше онолку убава колку што може жена да биде – истакна.
Костнер го заврши говорот со емотивно простување.
-Еднаш, не толку одамна, ти бев телохранител, а сега замина прерано и ни остави сеќавање на девојчето кое храбро зачекори пред оваа црква, пред оние кои први те сакаа, пред оние кои те сакаа најдобро и најдолго. Па, оди, Витни, оди... испратена со војска од ангели кај својот Небесен Отец. А, кога ќе пееш пред Него, не грижи се, ќе бидеш доволно добра – го заврши Костнер својот проштален говор.
Што навистина се случи тој кобен ден во хотелот „Беверли Хилтон“ на Беверли Хилс, каде во 2012 г. наредната вечер се одржуваше церемонијата на доделување на наградите „Греми“ на кои требаше да се појави и пејачката, до ден-денес е непознато.
Потсетуваме, полицијата го затвори случајот со објаснување дека поп дивата починала во када „случајно давејќи се“. Аутопсијата покажа дека во телото имала смртоносен коктел од преголема доза алкохол и силни лекови.

