Фото: Се сврши една од најубавите жени на светот?

6.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото: Се сврши една од најубавите жени на светот?

 44 годишната моделка позната по фотките на кои позира во бикини, во описот на објавата, со натпис „Бали... во зори“, открила дека фотографиите ги направил нејзиното момче Бак Палмер.

Иако сè уште нема официјална потврда за свршувачката, прстенот на левата рака бил доволен за да предизвика бројни шпекулации.

Извор близок до двојката изјавил за Дејли Меил дека Алесандра сè уште не ја потврдила свршувачката, но дека сите веруваат дека нејзината врска со Палмер оди во сериозна насока.

„Тие се многу сериозни и заљубени, па ова би можело да биде голем знак дека свадбата е на пат. Веројатно тој го дизајнирал прстенот што го носи затоа што тоа му е работа“, рече изворот, алудирајќи на работата на Палмер во дизајнирањето на накит.

Двојката за прв пат била видена заедно на забава во Арт Базел во 2024 година, а веќе беше објавено дека Алесандра ја гледа оваа врска како долгорочна.

„Таа знае кого ќе бакне за Нова Година и се надева дека ќе биде истиот маж до крајот на животот. Поминала низ многу во врските, но сè уште верува во љубовта и се чувствува како конечно да ја пронашла“, рече извор во тоа време.

Инаку, Бак Палмер претходно беше во брак со Ешли Харт, од која се разведе во 2017 година. Амброзио, од друга страна, беше верена со Џејми Мазур, со кого има ќерка, Ања, и син, Ноа. Оттогаш се забавува со Никола Оди и Ричард Ли.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата