Бил Козби виновен за сексуално злосторство од пред повеќе од 50 години

24.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бил Козби виновен за сексуално злосторство од пред повеќе од 50 години

Дона Мотсингер изјави дека Козби возел до нејзината куќа во 1972 година, за да ја одведе на неговата претстава; и во таа прилика, глумецот ѝ дал вино и апче (со „посебна намена“ за искористување вакви (не)прилики), коешто ѝ се измешало со „Аспирин“, по што жената (тогаш 30-годишна) се онесвестила. Во документот, се наведува дека жртвата „се разбудила дома, само во долна облека“ и така сфатила дека Бил Козби ја дрогирал и силувал.

Мотсингер претходно работела како келнерка во ресторанот „Тридент“ во гратче близу Сан Франциско - популарно место за дружење кај познатите личности, меѓу кои и Козби.

Козби, сега 88-годишен, ги отфрли тврдењата на Мотсингер, како и слични обвинувања во низа случаи и тужби поднесени од десетици жени.

Неговите адвокати тврдеа дека Мотсингер „отворено признава дека нема поим што се случило“, според наводите во судските документи. Џенифер Бонџин, адвокатката на Козби, изјави дека нејзиниот клиент ќе се жали на пресудата.

Козби беше ослободен од затвор во Пенсилванија во 2021 година, речиси три години откако отслужи дел од казната за сексуален напад, при што неговата пресуда беше поништена поради техничка грешка.

Бил Козби се здоби со слава во 1980-тите и 90-тите со телевизиската серија „Шоуто на Козби“, како и сценската комедија и други филмски и ТВ-улоги. Го изгуби својот углед откако повеќе десетици жени излегоа со обвинувања за силување, сексуално вознемирување и сексуално недолично однесување коишто започнале уште 1960-тите, иако некогашната афроамериканска ѕвезда тврдеше дека сите тие средби биле консензуални. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата