Барбара Стрејсенд ќе добие почесна „Златна палма“ во Кан

12.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Барбара Стрејсенд ќе добие почесна „Златна палма“ во Кан

Во кариерата што трае шест десетлетија, Стрејсенд (83) глумеше во низа признати филмови, вклучувајќи ги тука „Забавна девојка“ (Funny Girl, 1969), „Тоа што бевме“ (The Way We Were, 1973) и „Јентл“ (Yentl, 1983), коишто таа, исто така, ги режираше и продуцираше. Таа има освоено два „Оскари“, за најдобра женска улога во „Забавна девојка“ и за најдобра песна во „Ѕвездата е родена“ (A Star is Born, 1976), како и 10 музички „Греми“ награди, меѓу другите признанија.

„Барбара Стрејсенд го достигна врвот на индустријата за забава како никој друг. Но, тоа не е ништо во споредба со нејзиното влијание врз поп-културата во втората половина на 20. век“, се вели во соопштението на организаторот.

Наградуваниот корејски режисер Парк Чан-вук ќе претседава со жирито на овогодишниот Филмски фестивал во Кан, којшто ќе се одржи на 23 мај.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата