Земјотрес од 6 степени во централна Индонезија, најмалку 29 повредени

17.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Земјотрес од 6 степени во централна Индонезија, најмалку 29 повредени

Според портпаролот на Националната агенција за управување со катастрофи, Абдул Мухари, 13 повредени се пренесени во болници во областите Посо и Токорондо, откако врз нив паднал градежен материјал од оштетен верски објект.

Земјотресот оштетил и црква во селото Масани, а бројот на раселените жители сè уште се проверува.

Потресот се случил во 5:38 часот во Посо (21:38 по ГМТ во саботата), со епицентар на длабочина од 10 километри. Властите соопштија дека нема опасност од цунами.

Во соседната област Сиги земјотресот бил почувствуван умерено околу седум секунди, без пријавени жртви или материјални штети. Во делови од областа Посо Песисир, потресот траел околу 15 секунди и предизвикал паника, по што многу жители ги напуштиле своите домови.

Мухари апелираше жителите да бидат внимателни на можни вторични потреси и да избегнуваат оштетени објекти. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата