Зеленски: Русија изминатата ноќ лансираше речиси 300 дронови и 50 ракети во Украина

22.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зеленски: Русија изминатата ноќ лансираше речиси 300 дронови и 50 ракети во Украина

„Нападите беа насочени кон Киев и регионот, Днепар, Кировоград, Николаев, Одеса, Полтава и Суми. За жал, едно лице беше убиено во областа Фастив. Осум лица беа повредени, вклучувајќи и едно дете. Главна цел на нападот беше енергетскиот сектор. Оштетени се и обични станбени згради, а има и штета на железницата“, рече Зеленски во објава на платформата Икс.

Тој рече дека „Москва продолжува да инвестира повеќе во напади отколку во дипломатија“.

„Само оваа недела, Русија лансираше повеќе од 1.300 борбени беспилотни летала против Украина, над 1.400 наведувани воздушни бомби и 96 ракети од различни видови, вклучувајќи десетици балистички. Затоа треба да ја зајакнеме нашата воздушна одбрана. Ни требаат системи што ефикасно се спротивставуваат на балистичките закани“, рече Зеленски.

Тој им се заблагодари на партнерите што ѝ помагаат на Украина да набави противвоздушни ракети преку иницијативата на Листата на приоритетни барања за Украина (PURL) предводена од НАТО, додавајќи дека Украина, исто така, обезбедува противвоздушни ракети од сопствените залихи, истакнувајќи дека „секој таков пакет ја штити критичната инфраструктура и го зачувува нормалниот живот“.

Зборувајќи за терористичкиот напад во Лавов, во кој синоќа беше убиена полицајка, која беше дел од тимот што реагираше на пријава за грабеж во продавница, Зеленски рече дека министерот за внатрешни работи Игор Клименко го информирал дека е приведено лице осомничено за „извршување терористичкиот напад во Лавов“.

„Дваесет и пет лица беа повредени, а едно лице почина. Моето сочувство до семејството и најблиските... Обезбедени се сите потребни ресурси за истрагата. Во тек се потребните процедурални дејствија во врска со приведеното лице“, рече Зеленски. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата