„Сè уште ни е потребна противвоздушна одбрана и сè уште имаме поддршка во таа насока од нашите партнери и сметаме на нејзино продолжување. Исто така, се надеваме на заедничко производство (на оружје) и воена помош од големи размери“, рече Зеленски во кратка изјава пред почетокот на Самитот на НАТО во Хаг, пренесува Укринформ.
Тој потсети дека зајакнувањето на украинската противвоздушна одбрана било дискутирано за време на Самитот на НАТО во Вашингтон минатата година.