Градската плажа на Палма де Мајорка за секунда остана без капачи- истакнато црвено знаме поради опасност

24.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Градската плажа на Палма де Мајорка за секунда остана без капачи- истакнато црвено знаме поради опасност

Како што е наведено во предупредувањето, имало туѓи предмети што лебделе во водата, само за подоцна да откријат дека тоа не се ништо повеќе, ни помалку, туку фекалии!

Спасувачите беа првите што ја забележаа „опасноста на плажата“ кај Кан Пере Антони и веднаш кренале црвено знаме, што им даде сигнал на сите капачи дека мора да ја напуштат водата, пишува Билд.

И покрај здравствените ризици, многу капачи ја игнорираа забраната и се вратија во водата. Тие навистина сакале да продолжат да пливаат во таква нечистотија. На крајот, полицијата морала да интервенира за да им ја објасни сериозноста на ситуацијата.

Следниот ден, ситуацијата малку се смирила, а градските власти дозволија повторно пливање на плажата Кан Пере Антони, но со мерки на претпазливост, со истакнато жолто знаме.

Само областа во близина на барот на плажата Асаона била сè уште под црвено знаме, бидејќи сè уште се чекале резултатите од анализата на водата.

Причината за фекалната тревога на Палма де Мајорка сè уште е непозната. Според „Мајорка Цајтунг“, вакви работи можат да се случат по обилни дождови. Но, последниот дожд на Мајорка паднал одамна...

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата