Захарова: Русија вети дека ќе продолжи да ја снабдува Куба со нафта

1.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Захарова: Русија вети дека ќе продолжи да ја снабдува Куба со нафта

- Куба е наш близок пријател и партнер на Карибите. Немаме право да ја разочараме. Нашата помош ќе продолжи, наведе Захарова, осудувајќи го „невидениот притисок и закани“ од САД кон Хавана.

Таа потсети дека Куба е под трговско ембарго на САД од 1962 година.

Русија неделава првпат за речиси за три месеци ја испорача првата пратка сурова нафта за Куба. Рускиот танкер „Анатолиј Колодкин“ испорача околу 730.000 барели сурова нафта во пристаништето Матанзас, источно од Хавана.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да дозволи руски испораки на Куба и покрај ембаргото, за да избегне директна конфронтација со Москва и да ја ублажи енергетската криза.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата