Фабриката е откриена од страна на единиците на финансиската полиција од Анкона и Фрозиноне, во истрага координирана од обвинителството во Касино, објави Анса.
Рацијата доведе до рекордна заплена на околу 300 тони цигари, неколку апсења и обвиненија за сериозен шверц. Истрагата откри даночна евазија од околу 600 милиони евра и нелегален приход проценет на околу 130 милиони евра.
Покрај тоа, запленети се средства во вредност од 53 милиони евра. Операцијата е опишана како една од најголемите во борбата против шверцот со тутун во Италија.