Ванг: Кина повикува на итен прекин на огнот во регионот на Персискиот Залив

9.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ванг: Кина повикува на итен прекин на огнот во регионот на Персискиот Залив

За време на денешните телефонски разговори со неговиот кувајтски колега Џарах Џабер ал-Ахмад ал-Сабах и министерот за надворешни работи на Бахреин Абдулатиф бин Рашид ал-Зајани, Ванг нагласи дека суверенитетот, безбедноста и територијалниот интегритет на земјите во регионот на Персискиот Залив мора целосно да се почитуваат, пренесуваат британските медиуми.

Кинескиот министер им кажа на своите колеги дека Кина е длабоко загрижена за брзото ескалирање на ситуацијата на Блискиот Исток. 

Ванг, воедно, потврди дека официјален Пекинг ќе продолжи да игра конструктивна улога во одржувањето на мирот и стабилноста во регионот на Персискиот Залив.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата