„Противникот се обиде истовремено да ги пробие одбранбените линии на нашите сили на неколку стратешки правци. Жестоки борби се водеа по должината на целата линија на фронтот“, наведе Сирски во порака на Телеграм.
Според генералот, во текот на четирите дена имало „619 јуришни акции“ на руската војска, но „цената на тој офанзивен обид била катастрофална за агресорот“.
„И покрај огромниот притисок и ангажирањето на значителни резерви, руската команда не успеа да ги изврши своите задачи“, додаде тој.
Украинската војска ги проценува руските загуби на „6.090 загинати и ранети војници“ за четири дена. Таа бројка не може да се провери од независни извори, пренесе парискиот весник „Монд“.
Борбите продолжуваат на некои делови од фронтот, а Русите „се подготвуваат да ги продолжат нападите сметајќи на влошување на временските услови“, наведе украинскиот генерал.

