Турист со сета сила фрли двегодишно дете на подот на аеродром во Москва- било од Иран (Вознемирувачко видео)

24.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Турист со сета сила фрли двегодишно дете на подот на аеродром во Москва- било од Иран (Вознемирувачко видео)

18-месечното момче сега е во кома откако претрпе фрактура на черепот и повреди на 'рбетот во ужасниот напад, кој беше снимен со камери за надзор. Детето, стоеше до неговиот куфер додека неговата бремена мајка ја земаше количката од персоналот, објавува „Дејли Меил“.

Мажот, белоруски турист по име Владимир Витков, 31, кој и самиот има дете на иста возраст, може да се види како одеднаш го зема момчето, а потоа го фрла на подот на московскиот аеродром.

Напаѓачот - опишан од еден руски функционер како „чудовиште“ - наводно проверил дали некој го гледа пред да се фрли напред, да го зграби детето и силно да го фрли на подот во зоната за пристигнувања на најпрометниот руски аеродром, Шереметјево, во Москва, кој годишно опслужува повеќе од 40 милиони патници и над 300.000 авиони.

Момчето штотуку пристигнало во Русија, бегајќи од Иран со својата мајка, преку тежок пат низ Авганистан, објавија руските медиуми. Осомничениот пристигнал во Москва истиот ден од Кипар или Египет.

Тој бил уапсен на местото на настанот, а крвниот тест покажал траги од канабис. Сега се соочува со обвиненија за обид за убиство.

Омбудсманката за правата на децата во Московскиот регион, Ксенија Мишонова, изјави: „Чудовиште под дејство на дрога зграпчи мало дете во салата за пристигнувања и го фрли на подот со сета сила. Сето ова е неверојатно тешко за поднесување. Се надевам дека приведеното чудовиште ќе добие најстрога казна. Му посакувам на детето брзо закрепнување. Нека родителите најдат сила да го преживеат сето ова.“

Според Истражниот комитет на Русија, човекот не можел да ги објасни своите постапки. Кога полицајците го прашале дали претходно имал проблеми со законот, тој одговорил: „Направив такви грешки“.

Според локалните медиуми, Витков има ќерка на иста возраст како момчето што го фрлил на подот. Неговата пријателка рекла дека била шокирана од неговите наводни постапки.

Комитетот соопштил: „Еден човек, додека бил во зоната за пристигнувања на аеродромот во состојба на опиеност од наркотици, зграпчил дете и, кревајќи го, го фрлил на подот со голема сила. Момчето е хоспитализирано на лекување. Криминалните постапки на човекот биле прекинати од очевидци на инцидентот“.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата