Трилатерална декларација во Шенжен: Трамп, Путин и Си против нуклеарна војна и за реформи во ОН

19.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трилатерална декларација во Шенжен: Трамп, Путин и Си против нуклеарна војна и за реформи во ОН

Американскиот претседател Доналд Трамп, кинескиот лидер Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин за првпат седнаа на заедничка маса во кинескиот град Шенжен, каде што во фокусот на историската средба покрај нуклеарното разоружување беа глобалната безбедност,економските соработни но и војните во Иран и Украина.

Средбата траеше речиси 80 минути, од кои само првите петнаесет беа отворени за медиумите, по што тројцата лидери ги продолжија разговорите зад затворени врати.

-Ние испишуваме историја. Како претседатели на три од најголемите земји во светот, имаме посебна одговорност да одржуваме отворен, меѓусебно почитуван и конструктивен дијалог за прашања што ги засегаат не само нашите граѓани, туку и целата планета. Ниту еден проблем не бил решен, одбивајќи да се зборува за него. Ниту еден мир никогаш не бил постигнат со одбивање на можностите за дијалог – изјави Трамп.

Но, покрај политичките пораки, светските медиуми будно го следеа и секој гест меѓу тројцата лидери. Од раката што Трамп му ја подаде на Си на подвижните скали, до појавувањето на руското нуклеарно куферче „Чегет“, кое пред камерите го носеше офицер од придружбата на Путин.

Особено внимание привлече и одвоената, четириесетминутна средба на Трамп и Путин, пред заедничките разговори. 

– Кој е тој? Тој е мој пријател....

-Нашите три држави имаат заедничка одговорност за одржување на меѓународниот мир и безбедност. Имаме бројни заеднички интереси во решавањето на регионалните конфликти, вклучително, се разбира, и конфликтот во Украина. Убеден сум дека Русија, Кина и САД и нашите народи можат да дадат значаен придонес за зајакнување на глобалната безбедност и стабилност, доколку соработуваат конструктивно, врз основа на меѓусебна почит, рамноправност и рамнотежа на интересите – изјави Путин.

За домаќинот Си Џинпинг, средбата е можност трите светски сили да покажат дека разликите можат да се надминат преку дијалог, наместо преку конфронтација.

„Историјата нè учи дека кога големите сили живеат во хармонија, во светот владее мир. Кога големите сили се судираат, светот запаѓа во хаос. Кина, Русија и САД треба да продолжат да ги охрабруваат страните во конфликтите да седнат на преговарачка маса.“ изјави – Си Џинпинг, претседател на Кина.

Сепак, според светските медиуми, самитот стана можност Кина да ја зацврсти својата светска позицијата, додека Трамп бара дипломатски успех по изборниот пораз. Путин, пак, се обидува да ја пробие меѓународната изолација и да ја врати Русија на рамноправна маса со најголемите сили. Но, и покрај пораките за соработка, спротивставените интереси остануваат сериозна пречка за конкретни договори. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата