Се огласи Белата куќа по состанокот на Трамп, Путин и Си- објавени се четирите клучни точки од договорот

19.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се огласи Белата куќа по состанокот на Трамп, Путин и Си- објавени се четирите клучни точки од договорот

„Тројцата шефови на држави имаа детална размена на мислења за моменталната меѓународна ситуација и се заложија да ја заштитат стратешката стабилност и меѓународната безбедност“, се вели во соопштението.

Потоа во соопштението се истакнаа четири клучни точки:

1. Кина, САД и Русија се обврзаа на „реформирање на Обединетите нации“ за подобро да одговорат на глобалните предизвици.

2. Трите земји планираат да го зголемат производството и снабдувањето со нафтени производи.

3. Тие се согласија дека Меѓународниот кривичен суд (МКС) и слични тела „не смеат да ја злоупотребуваат својата надлежност“.

4. Трите земји ќе се вклучат во дијалог за намалување на нуклеарните ризици и спречување на ширењето на нуклеарното оружје.

Многу набљудувачи очекуваа Трамп да го продолжи трговското примирје меѓу САД и Кина, кое истекува во јануари, но досега не е дадена таква најава.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата