Само неколку дена пред состанокот на лидерите на Алијансата во Турција закажан на 6 и 7 јули, американскиот претседател Доналд Трамп повторно е незадоволен и повторно го отвори прашањето за нерамномерното издвојување за одбраната на земјите членки, оценувајќи дека односот на САД со НАТО „не е реципрочен“ и дека Вашингтон носи несразмерно голем финансиски товар.
„Смешно е што САД продолжуваат по овој едностран пат кога односот не е реципрочен. Тие не беа таму за нас!!!“, напиша Трамп на својата платформа Трутх Социал, помалку од една недела пред самитот на трансатлантската алијанса во Анкара,- – изјава Трамп на Трут сошијал.
Ваквата реторика дополнително ги разнишува трансатлантските односи во момент кога сојузниците треба да разговараат за зголемување на одбранбените трошоци од сегашните 3 на 5 отсто од БДП во наредните години, зајакнување на воените капацитети и барање на излез со војните во Украина но и Иран.
Дополнително, во Анкара, се очекува Канада да предложи иницијатива за формирање на т.н Банка за одбрана - нова меѓународна финансиска институција чија цел ќе биде дополнително да ги поддржи одбранбените и безбедносните проекти на сојузничките земји. Според западните агенции, институцијата првично би располагала со финансиски капацитет од околу 133 милијарди долари, а засега 19 земји би можеле да бидат меѓу основачите на новата финансиска структура, која според сегашните планови, на институцијата би можело да се приклучат дури 40 земји.
Засега, не се споменуват кои земји би членувале во оваа институција, кои би биле обврските но и какви кредити односно дополнителни инвестиции од сегашните воените капацитети на државите членки ќе се вршат покрај сегашните одвојувања кои се прават од буџетите на сојузниците.
Од друга страна Македонија, како што истакна неодамна министерот за одбрана Владо Мисајловски, веќе издвојува 4% од БДП за НАТО вклучително и за инвестициите во коридорите 8 и 10.

