Трагедија во Романија: Родители се удавиле во Дунав, спасувајќи го своето бебе (ФОТО)

24.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трагедија во Романија: Родители се удавиле во Дунав, спасувајќи го своето бебе (ФОТО)

Млад брачен пар, мајка (20) и татко (26), се удавиле откако биле одвлечени од силната речна струја на Дунав. Нивната деветмесечна ќерка, која ја држела мајката во раце, била спасена во последен момент благодарение на херојскиот чин на таткото, пишува Observer News.

Семејство со пријатели и деветмесечното бебе отишле на плажата Гостина во областа Ѓурѓу за да поминат релаксирачко попладне. Мајката влегла во плитките води со детето во раце, но одеднаш стапнала во дупка и била повлечена во подлабоко од силната струја.

Таткото на девојчето, кој гледал сè од брегот, скокнал во водата без да размислува да ги спаси. Тој успеал да ја зграби ќерка си и да ја држи над површината додека друг капач не ја извадил. За жал, исцрпениот татко потоа бил повлечен под вода од струјата.

Нуркачи ги пронајдоа телата на родителите

Веднаш била започната потрага по исчезнатите родители. Нуркачите прво го пронашле безживотното тело на 20-годишната мајка денот по несреќата, а телото на 26-годишниот татко следниот ден наутро. Девојчето сега е безбедно и за него се грижи нејзиното семејство.

Локалните власти најавија зголемени контроли на дивите и неуредни плажи за да се спречат идни несреќи. Префектот на округот Јон Гимпетеану се огласи на Фејсбук, истакнувајќи ги опасностите што демнат на ваквите места.

„Ова е огромна трагедија. Млад пар се удави во Дунав иако беа во вода подлабока од еден метар. Отидов на таа плажа, која често носи жртви, и најдов нелегални тераси, затворени тоалети и купишта ѓубре. Срцето ми се скрши кога го видов лицето на сирачето девојче. И покрај предупредувањата, оваа неуредна плажа привлекува туристи кои не се свесни за опасностите. Вакви работи не смеат да се повторат и ветувам дека ќе го спречам овој феномен што носи трагедии“,напиша Гимпетеану.

Полицијата започнала истрага за целиот случај.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата