Деветгодишно дете се удави во аквапарк во Пенсилванија, родителите биле со него

25.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Деветгодишно дете се удави во аквапарк во Пенсилванија, родителите биле со него

Трагедијата се случила вчера, а во меѓувреме, аквапаркот каде што се случи несреќата издаде соопштение.

„Од моментот кога нашиот спасувачки тим виде дека детето е во неволја, веднаш извршија спасувачка операција, по што следеше континуиран, координиран напор за спасување на живот“, се вели во соопштението.

Медицинскиот тим на должност во аквапаркот веднаш реагирале и се обиделе да го реанимираат детето.

За жал, детето не можело да се спаси.

„Нашите срца се скршени за ова дете и неговото семејство. Изразуваме најдлабоко сочувство за нивната загуба. Од почит кон нивната приватност, во овој момент нема да објавуваме никакви лични информации“, се додава во соопштението.

Родителите на детето исто така беа во базенот со него.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата