„Непознати вооружени лица нападнаа судски центар во Захедан“, наведоа правосудните власти, додавајќи дека во нападот загинале пет лица, а 13 се ранети.
Според државната новинска агенција ИРНА, убиени се и тројца од напаѓачите.
Градот Захедан е главен град на провинцијата Систан и Белуџистан, регион што се граничи со Пакистан и Авганистан.
Во меѓувреме, сунитската екстремистичка група Џаиш ал-Адл ја презеде одговорноста за нападот.
Систан-Балуџистан, провинција во југоисточен Иран која граничи со Пакистан и Авганистан, е населена претежно со сунитското малцинство Балуџи. Жителите долги години се жалат на политичка маргинализација и економска запоставеност.
Во регионот се чести судири меѓу безбедносните сили и вооружени групи, меѓу кои и екстремисти и сепаратисти. Иранските власти редовно ги обвинуваат овие групи за врски со странски сили и вмешаност во шверц и вооружени бунтови.