САД прославуваат 250 години независност

4.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД прославуваат 250 години независност

Во Соединетите американски држави денес се слави Денот на независноста, односно празникот поврзан со потпишувањето на декларацијата за независност од Обединетото кралство во 1776 година.

Иако Американците го слават 4 јули како Ден на независноста уште од 1777 година, самата декларација беше донесена како одлука на 2 јули на затворена седница на тогашниот Втор континентален конгрес, каде што се собраа претставници на 13-те колонии, кои ќе станат првичните 13 федерални држави.

На оваа седница беше одлучено дека ќе се изготви документ за формално прогласување независност од Обединетото Кралство, а работата ѝ припадна на група од пет делегати наречени „комитет на петмина“.

Во оваа група беа Џон Адамс, Бенџамин Френклин, Томас Џеферсон, Роберт Ливингстон и Роџер Шерман.

Тројца од овие пет делегати (Адамс, Френклин, Џеферсон) ќе бидат претседатели на САД во иднина и се сметаат, заедно со неколку други, за основачи на нацијата или „основачки татковци“, како што се нарекуваат.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата