САД привремено ги укинаа санкциите за дел од иранската нафта, Трамп најави намалување на воените операции

21.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД привремено ги укинаа санкциите за дел од иранската нафта, Трамп најави намалување на воените операции

Според него, САД се блиску до исполнување на целите – ослабување на ракетните капацитети на Иран и спречување на земјата да развие нуклеарен капацитет. Трамп исто така посочи дека САД остануваат посветени на заштитување на своите сојузници во регинот.

Тој повтори дека САД не го користат Ормутскиот теснец, повикувајќи други земји кои зависат од него да се вклучат повеќе во обезбедувањето неговата безбедност. На прашање дали Израел ќе биде подготвен да ја заврши војната по завршувањето на американските операции, Трамп одговори позитивно, нагласувајќи дека двете земји имаат иста цел.

-Генерално ние се справуваме многу добро. Ние не го користиме теснецот, не ни треба. На Европа ѝ треба, на Кореја, Јапонија, Кина и многу други луѓе, па ќе мора малку да се вклучат во тоа. - Дали мислите дека Израел ќе биде подготвен да ја заврши војната кога вие ќе бидете подготвени? Мислам да..Односот е многу добар и мислам да. Повеќе или помалку ние сакаме исти работи. Знаете што сакаме? Сакаме победа и тоа го имаме,- Донапд Трамп – претседател на САД .

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи пак, во интервју за јапонската агенција „Кјодо“ изјавил дека Техеран е подготвен да разгледува иницијативи, но за целосен и сеопфатен крај на војната..

-Она што го правиме е чиста самоодбрана. Ќе продолжиме да се браниме колку што е потребно. Нашиот став е дека не прифаќаме прекин на огнот затоа што не сакаме да се повтори минатогодишното сценарио. Војната мора целосно и трајно да заврши и мора да има гаранции дека оваа ситуација нема да се повтори,- Абас Арагчи – министер за надворешни работи на Иран. 

 Во меѓувреме, Техеран испали две ракети со среден дострел кон британската база Диего Гарсија во Индискиот океан, оддалечена дури 4.000 километри од иранскиот брег, но нападот не успеа - едната ракета паднала во морето, а втората била соборена од американски воен брод. Ова е прв пат Иран да користи ракети со среден дострел и да избира мета надвор од Блискиот исток, во војната која влезе во својата четврта недела.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата