Руте: НАТО секогаш ќе направи се што е потребно за одбраната на Турција

22.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Руте: НАТО секогаш ќе направи се што е потребно за одбраната на Турција

- Иран сее терор и хаос, а тоа силно се чувствува тука во Турција. Во последните недели, НАТО успешно пресретна четири ирански балистички ракети што се упатуваат кон Турција - наведе Руте.

Тој додаде дека „НАТО е подготвен за вакви закани и секогаш ќе направи што е потребно за да ја одбрани Турција и сите други земји-членки“.

Руте денеска го посети седиштето на турски одбранбен гигант Аселсан и ја пофали „револуцијата во турската одбранбена индустрија“.

- Соочени со огромните опасности, пред кои се наоѓаат земјите од НАТО, мора да продолжиме по овој пат, произведувајќи и иновирајќи уште повеќе и уште побрзо. Ова се системи за воздушна одбрана, беспилотни летала, муниција, радари, вселенски капацитети и многу повеќе што ќе нè заштитат. Вие развивате најсовремени технологии … и тоа е она што ни треба - истакна Руте.

Во текот на денот предвидено е Руте да има средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата