- Постои покана за учество на највисоко ниво – изјави заменик-министерот за надворешни работи, Александар Панкин.
Тој додаде дека сè уште не е прецизирано кој ќе ја претставува Русија на овој собир, информирајќи дека одлуката се очекува да биде донесена поблиску до датумот на самиот настан.
Самитот е предвидено да се одржи во Мајами, Флорида, на 14 и 15 декември.
Самитот на Г20 претставува годишен собир на лидерите на развиените економии и економиите во развој, на кој се дискутира за најитните глобални предизвици.

