Путин ја обвини Украина дека ги минира мировните преговори

24.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Путин ја обвини Украина дека ги минира мировните преговори

- Противниците на Русија прават сè за да го спречат напредокот што го постигна Русија во преговарачкиот процес - нагласи Путин.

Тој тврди дека Киев со помош на западните разузнавачки служби, ја напаѓа руската енергетска инфраструктура и стратешките објекти.

Путин на средбата со претставници на Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) посочи дека можна цел на украинските напади би биле гасоводите на дното на Црно Море – Турски поток и Син поток.

Рускиот претседател наведе и дека се зголемени терористичките напади во земјата и побара поголема заштита на доверливите информации поврзани со армијата и воената индустрија.

ФСБ даде најважен, значаен придонес во обезбедувањето на суверенитетот, во заштитата на безбедноста на нашите граѓани. Во текот на изминатата 2025 година, во сите клучни области, вие и вашите колеги достојно ги решивте поставените задачи, истакна Путин. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата