Пожар во рафинеријата во австралискиот град Џилонг

16.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пожар во рафинеријата во австралискиот град Џилонг

Веднаш по дојавата за пламен и експлозии во рафинеријата во 23:15 часот, интервенирале бројни екипи на противпожарната служба на сојузната држава Викторија кои го локализирале пожарот.

Според последните информации, пожарот се уште не е целосно изгаснат, но пламенот е под контрола и ограничен на местото на избувнување. Засега нема пријавени повредени во инцидентот.

Рафинеријата во Џилонг со капацитет за преработка до 120 илјади барели нафта дневно е една од двата оперативни капацитети за преработка на нафта во земјата. Рафинеријата обезбедува повеќе од 50 отсто од горивото за сојузната држава Викторија и околу десет отсто од вкупните потреби на Австралија. 

Министерот за енергетика, Крис Боуен, за јавниот сервис „Еј-Би-Си“ изјави дека засегнато е производството на бензин, додека производството на дизел и авионско гориво продолжува, но со намален капацитет од безбедносни причини.

Тој оцени дека најверојатно се работи за несреќен случај и најави истрага.

Инцидентот се случува во време кога Австралија веќе се соочува со потешкотии во снабдувањето со гориво, поврзани со конфликтите на Блискиот Исток. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата