Песков: Руската нафта е неопходна поради војната на Блискиот Исток

14.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Песков: Руската нафта е неопходна поради војната на Блискиот Исток

„Ситуацијата е сосема јасна. Меѓународната енергетска инфраструктура не може да си дозволи да изгуби големи количества руска нафта“, рече портпаролот на Кремљ, додавајќи дека руската нафта е од суштинско значење.

САД вчера привремено ги укинаа санкциите за руската нафта што моментално е на море, дозволувајќи ѝ да се испорачува до клиенти низ целиот свет, со цел да се ограничат цените на енергијата што растат поради агресијата против Иран.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата