Новинар на „Дојче веле“ уапсен во Турција

20.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Новинар на „Дојче веле“ уапсен во Турција

„Дојче веле“, за кого работеше во Турција неколку години, објави дека 30-ина полицајци го уапсиле Улуда во семејниот стан и дека тој треба денеска да се појави пред судија.

По претресот на неговиот стан, неговата опрема е конфискувана. Обвинет е за наводно ширење дезинформации, навредување на претседателот и навредување на турскиот народ, државата и институциите. Обвиненијата, пишува ДВ, се однесуваат на објава на „Икс“ пред речиси една и пол година.

Во неа тој ги критикувал мерките на турската влада, што доведоа до ослободување потенцијални терористи на Исламската држава. Тој ја обвини владата за корупција. Како долгогодишен судски репортер, тој известува за кршење на човековите права, случаи на корупција и судења.

Генералната директорка на „Дојче веле“, Барбара Масинг, побара негово ослободување. Според неа, обвинувањата против нивниот колега се неосновани.

- Алиџан Улуда е добро познат истражувачки новинар, кој се фокусира на известување за корупција. Тој е многу добро поврзан и има пристап до важни извори. Ова го прави опасен за владата, во нивни очи. Фактот дека новинарот бил третиран како сериозен криминалец, однесен од 30 полицајци директно во Истанбул, претставува намерен чин на заплашување и покажува колку сериозно владата ја потиснува слободата на медиумите. Нашиот колега мора веднаш да биде ослободен“, предупреди Масинг.

ДВ е во контакт со неговото семејство, локалните адвокати и други надлежни органи во Турција. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата