Напаѓачот од Вашингтон обвинет за обид за убиство на Трамп

28.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Напаѓачот од Вашингтон обвинет за обид за убиство на Трамп

Доколку биде осуден, 31-годишникот се соочува со доживотна казна затвор

Осомничениот за пукањето на вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа, Кол Томас Ален (31), се појави на суд во Вашингтон, каде што се соочи со три кривични обвиненија, вклучително и обид за атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп.

По истрелите на гала-вечера со Доналд Трамп во Вашингтон, осомничениот е обвинет за обид за убиство на американскиот претседател. Ова го соопшти вршителот на должноста министер за правда Тод Бланш во Вашингтон, откако осомничениот беше изведен пред судија. Според Бланш, дополнително се вклучени уште две обвиненија: користење огнено оружје при извршување насилно кривично дело, како и транспорт на огнено оружје преку граници на сојузни држави со цел извршување кривично дело.

Како што изјави Бланш, само за обидот за убиство на претседателот, на обвинетиот му се заканува доживотна затворска казна. Можно е во текот на истрагата да бидат додадени и други обвиненија.

Обвинетиот во саботата за време на гала-вечера со претставници на медиумите во престолнината, тешко вооружен упаднал низ безбедносен пункт на Тајната служба, пред да биде запрен од службениците. Еден безбедносен службеник бил погоден од најмалку еден куршум, но поради заштитниот елек не се здобил со потешки повреди.

Бланш на прес-конференцијата го потврди и идентитетот на осомничениот. Станува збор за Кол Томас Ален од Калифорнија. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата