Експлозијата се случила синоќа во Вирудунагар, фабрика за пиротехнички материјали која требало да биде затворена, но во тој момент внатре имало околу 50 работници, јавува Би-Би-Си.
Втора експлозија во истата фабрика се случила додека биле во тек спасувачките операции, при што биле повредени уште 13 лица, иако никој не претрпел сериозни изгореници.
Причината за експлозиите сè уште не е позната и истрагата е во тек.
Спасувачките операции беа значително забавени бидејќи петардите продолжиле да експлодираат во зградата.
Полицијата соопшти дека е поднесена постапка против сопственикот на фабриката и надзорникот, кои двајцата се во бегство.
Окружните власти соопштија дека досега се идентификувани 22 од 25-те загинати, од кои повеќето се жени.

