Најмалку 22 лица загинаа во големите поплави и свлечиштата во Авганистан (ВИДЕО)

8.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку 22 лица загинаа во големите поплави и свлечиштата во Авганистан (ВИДЕО)

Властите соопштија дека бројот на жртви вклучува 13 лица кои загинаа кога покривите се урнаа преку ноќ во источен Авганистан, додека 19 се повредени, објави АП.

Бурите и обилните дождови што предизвикаа лизгање на земјиште, поплави и удари од гром низ Авганистан во последните две недели убија повеќе од 130 лица и уништија или оштетија илјадници домови, соопштија властите.

Стотици километри патишта во различни делови на Авганистан се уништени од поплави, лизгање на земјиште и одрони на камења во последните две недели, додека главните автопати што го поврзуваат главниот град Кабул со провинциите на север, исток и запад се затворени.

Повеќе од 300 лица загинаа во пролетните поплави во Авганистан во 2024 година.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата