Лукашенко ги предупреди Украина и НАТО да не ја провоцираат Белорусија, бидејќи може да употреби ракети Орешник

13.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лукашенко ги предупреди Украина и НАТО да не ја провоцираат Белорусија, бидејќи може да употреби ракети Орешник

- Не велам дека утре ќе ги нападнеме Вилнус, Варшава или Киев со Орешник. Не дај Боже. Тоа не е наша цел. Мора да ја браниме нашата земја. И за да не лансираме Орешник, не нè малтретирајте. Ниту од Украина, ниту од Полска, ниту од Литванија, ниту од Летонија. Да ги решиме проблемите како луѓе, наведе Лукашенко.

Тој додаде дека не им се заканува на ниту една земја или организација.

- Не се заканувам … Но, дали мислите дека ако ги сметаат објектите на територијата на Белорусија за легитимна цел, ќе спијам и ќе гледам? Имаме што е потребно за да ги достигнеме и до 70 километри и до 200 километри. Затоа, би им советувал да не вреват и да не гракаат. Ако го сметаат Орешник за легитимна цел, тогаш повелете, посочи Лукашенко.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата