Според него, руските сили за противвоздушна одбрана неутрализирале поголем дел од дроновите и уништиле 62 беспилотни летала што се приближувале кон главниот град, пренесува ТАСС. „Во текот на изминатите 24 часа, повеќе од 200 дронови полетаа кон московскиот регион. Поголемиот дел од нив беа неутрализирани од силите за противвоздушна одбрана на далечен пристап, а 62 непријателски дрона беа уништени додека се приближуваа кон Москва“, објави градоначалникот на Москва на платформата „Икс“ (X).

