- Во текот на следните неколку месеци ќе работиме на подготовка на референдум за евентуално повторно отворање на пристапните преговори со ЕУ, наведе Фростадотир.
Исланд во 2013 година се откажа од преговорите за членство во ЕУ по четири години преговори. Според анкетите, зголемувањето на трошоците за живот и војната во Украина во изминатите години го обновија интересот на Исланѓаните за членство во Унијата.
Исланд е една од четирите земји-членки на шенген зоната, кои не се членки на ЕУ. Исланд е една од земјите основачи на НАТО во 1949 година.

