Несреќата се случила помеѓу градовите Тинглев и Клиплев во јужен Јитланд, во близина на границата со Германија, пишува Би-Би-Си. Меѓу повредените има пет лица со тешки повреди, од кои две се во критична состојба.
Шеесетгодишна жена починала, потврдија властите. Според локалните медиуми, возот удрил во резервоар што се користи за транспорт на земјоделски отпад, поради што најмалку два вагона излегле од шините.
Вкупно, во возот имало 106 лица, вклучувајќи и група ученици од Сендербор.
Полицијата соопшти дека ниту еден од учениците и наставниците не е сериозно повреден, но им е понудена психолошка поддршка. На местото на несреќата е распореден кран за да ги подигне оштетените вагони со цел да се провери дали има повеќе повредени.