Европските лидери загрижени по ракетните напади врз енергетските постројки на Блискиот Исток

19.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Европските лидери загрижени по ракетните напади врз енергетските постројки на Блискиот Исток

Веста во Брисел ги затекна и лидерите на Европската Унија, кои засега немаат одговор, ниту колку далеку ќе оди војната, ниту како да ја амортизираат спиралата поскапувања на енергенсите. Едногласни се дека војната што ја започнале САД и Израел врз Иран, не и нивна.

-Немам кристална топка за кажам кога војната ќе заврши. Она што е важно за сите нас во ЕУ е дека сакаме да го видиме крајот на оваа војна: Дефинитивно, го гледаме хаосот предизвикан на Блискиот Исток. , изјави Каја Калас, шефица на европската дипломатија.

-Страстите мора да се смират, а војната да престане барем на неколку дена и да се обидеме да ја вратиме шансата за преговори. Тоа е апсолутно клучна точка на нашата агенда. , изјави Емануел Макрон, претседател на Франција.

И на Блискиот Исток фокусот е ставен на енергетските постројки околу заливот, кои вчера гореа и во Иран и во Катар. Прво израелски проектили го погодија најголемото иранско гасно поле Јужен Парс, клучен столб на иранската економија. По неколку часа, Иран возврати ракетирајќи ја главната постројка за преработка на природен гас во Катар. Трамп се закани дека САД ќе го уништат Јужен Парс, ако катарската постројка биде повторно нападната. Саудиска Арабија која досега имаше умерена реторика кон Иран, прв пат упати предупредување до Техеран дека на маса е и воена опција.

-Овој притисок (на Иран) ќе се врати како бумеранг. Го задржуваме правото да преземеме воени дејствија ако тоа е потребно. , изјави Фејсал бин Фархан, министер за надворешни работи на Саудиска Арабија .

Последните напади врз енергетската инфраструктура ги подгрејаа и шпекулациите за наводно првите недоразбирања меѓу Трамп и Нетанјаху.

Американскиот претседател синоќа соопшти дека воопшто не знаел дека Израел ќе го нападне најголемото иранско гасно поле, додека израелски претставници за неколку медиуми потврдиле дека операцијата била координирана со Вашингтон.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата