Данска одговори на објавата на Трамп дека испратил медицински брод на Гренланд: Нема потреба од здравствена помош од страна

22.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Данска одговори на објавата на Трамп дека испратил медицински брод на Гренланд: Нема потреба од здравствена помош од страна

Населението на Гренланд нема потреба од медицинска  помош од страна, а доколу им притреба посебен здравствен третман, го добиваат во Данска, изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен, по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп одека испратил медицински брод на автономната данска територија кон која отворено искажува аспирации.

И данската премиерка Мете Фредериксен, без директно да ја спомне објавата на Трамп, на Фејсбук објави дека е „среќна што живее во земја каде што пристапот до здравствена заштита е бесплатен и еднаков за сите. Каде што осигурувањето или богатството не одредуваат дали некој ќе добие достоинствен третман. Тоа е ист пристап како вна Гренланд.“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно на Truth Social објави дека испратил медицински брод во Гренланд, како што рече, „за да се грижи за многуте луѓе кои се болни и не се лекуваат таму“.

Тој во објавата со слика од вештачка интелигенција на американскиот медициснки брод „Мерси“, посочува дека го испраќа бродот во соработка со гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, кој е и специјален претставник на САД за Гренланд.

Џеф Ландри, пак, во коментар ја сподели сликата, му се заблагодари на Трамп и напиша: „На пат е!!!“.

Официјален Копенхаген тврди дека нема информации оти некој брод е на пат кон Гренланд. Јавно достапните информации исто така говорат дека двата медицински брода во сопственост на Соединетите Американски Држави сè уште се во земјата.

Според „Марин Трафик“, „УСНС Мерси“ моментално се наоѓа во бродоградилиштето во американскиот град Мобил. Според „Веселфајндер“, „УСНС Комфорт“ исто така бил стациониран во истиот град пред 17 дена.

На 23 јануари, бродоградилиштето „Алабама“ во Мобил објави фотографија на која се прикажани двата брода, еден до друг, со информација дека се на ремонт.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата