Тој објасни дека постои ризик привремените посетители од Иран „нема да можат или веројатно нема да сакаат да ја напуштат Австралија кога ќе им истече визата“. Забраната, која стапува на сила во четврток, ќе се применува во следните шест месеци, објавува CNN.
Сепак, некои Иранци сè уште ќе можат да патуваат во Австралија. Забраната не се однесува на оние со долгорочни визи, ниту на лицата кои имаат деца или сопружници во земјата.
„Владата дејствува во национален интерес во услови на брзо менување на глобалните услови“, рече министерот Бурк. Според неговите податоци, околу 7.000 ирански државјани моментално имаат австралиска туристичка виза.
Критики за спречување на барателите на азил
Одлуката доаѓа кратко откако Австралија им додели политички азил на седум члена на женската фудбалска репрезентација на Иран претходно овој месец. Сепак, пет спортистки во меѓувреме се предомислија и го повлекоа своето барање за статус на бегалец.
Сенаторот Дејвид Шубриџ, портпарол за имиграција на австралиските зелени, го нарече потегот на владата „брутална и неправедна одлука насочена кон спречување на Иранците да бараат заштита на австралиска почва, како што направија членовите на иранската женска фудбалска репрезентација“.
„Огромното мнозинство луѓе кои бараат азил од авторитарни земји го прават тоа со обезбедување виза, а потоа аплицирање за азил по пристигнувањето“, рече Шубриџ. „Бројот на хуманитарни визи доделени на луѓе додека се уште се во Иран е занемарлив, бидејќи самиот процес на аплицирање јасно би ги означил како цели за иранската влада“, додаде тој.

