Агенти на ICE испрскаа со солзавец и уапсија бремена Американка (ВИДЕО)

16.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Агенти на ICE испрскаа со солзавец и уапсија бремена Американка (ВИДЕО)

Лизбет Варгас Андраде (23), која е бремена во 12-та недела, беше приведена во неделата во Модесто додека агентите се обидоа да уапсат уште едно лице кое штотуку беше ослободено од притвор, рече нејзиниот адвокат Патрик Коласински, според Newsweek.

„Агентите на ICE и употребија солзавец Лизбет Варгас Андраде, бремена американска државјанка, ја фрлија на земја на стомак и ја уапсија додека ја следеше нивната акција пред затворот во округот Станислав“, изјави Коласински за Newsweek.

Откако претседателот Доналд Трамп се врати во Белата куќа и започна кампања за масовни депортации, службениците за имиграција се соочија со обвинувања за прекумерна сила, расно профилирање, незаконски апсења и процедурални грешки. Во текот на нивните акции биле испрашувани и приведени американски државјани, а двајца од нив биле убиени. Истрагата на ProPublica, објавена во октомври, откри дека агентите за имиграција привеле повеќе од 500 американски граѓани од враќањето на Трамп на власт.

Снимка од пресметката

Видеото кое го поседува Њусвик покажува федерални агенти во цивилна облека кои носат тактички елеци на кои пишува „ПОЛИЦИЈА“ и „ФЕДЕРАЛЕН АГЕНТ“. Агентите го опколиле сребрениот миниван на паркингот, а случајните минувачи го снимиле настанот.

Андраде му пришла на агент од зад комбето и го снимила со нејзиниот мобилен телефон. Агентот ја фатил за рака, а другиот дошол да ја приведе Американката. Вториот агент потоа извадил црвено шише солзавец и го вперил кон другата жена и лицето кое го снима видеото, додека толпата викала.

На снимката се слуша како сопругот на Андраде им кажува на агентите дека е бремена. Двајца агенти потоа ја турнале со лицето на земја до црн џип и и ставиле лисици зад грб. Еден агент ја свртел на страна, а потоа ја ставил во седечка положба и ја полил со вода од пластично шише со лицето, додека другите агенти стоеле на страна.

Семејната верзија на Aндраде

Семејството на Андраде објави соопштение во кое се вели дека видеото го снимил нејзиниот сопруг Адолфо Талавера.

Сè уште не е познато кого првично имале намера да приведат агентите за имиграција, како и имиграцискиот статус или криминалната историја на лицето.

Сопругот на Андраде, Адолфо Талавера Алварадо, на прес-конференција во неделата изјави дека тој, Андраде и неговата сестра Моника Алварадо биле испрскани со солзавец. Возела мини комбе што агентите го запреле. На видеото се гледа како еден од агентите накратко вперува солзавец кон Моника Алварадо за време на пресметката.

Изјава по ослободувањето

Андраде по нејзиното ослободување во неделата вечерта рече дека ги надгледувала дејствијата на службениците за имиграција во регионот на Централната долина. Кога ги видела агентите надвор од затворот, почнала да пренесува во живо на TikTok.

Таа го отфрли тврдењето на агентот дека го нападнала и појасни дека тие само се налетале еден на друг. После тоа, вели таа, агентите ја собориле на земја, ја испрскале со солзавец и ја врзале. Андраде додала дека при падот го удрила стомакот на земја.

Андраде, од Церес, рече дека била однесена во канцеларијата на ICE во Стоктон, но не била формално обработена. Нејзината сестра повикала брза помош, која го однела Андраде, дијабетичар, во болница. Таа тврди дека цело време со неа биле двајца агенти и дека не и дозволиле да контактира со адвокатот. Таа потврди дека ниту таа, ниту нејзината бременост не се изложени на ризик.

Колашински потврди дека е ослободена во неделата вечерта по неколкучасовен федерален притвор и дека против неа не е покренато обвинение.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата