Израелците убија висок командант на Хамас

16.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Израелците убија висок командант на Хамас

Абу Јунис бил задолжен за планирање и извршување на терористички напади, објави порталот „Медиа лајн“.

Војската соопшти дека и други милитанти на Хамас биле цел на нападот во неделата, но не дадоа дополнителни детали.

Хамас ја потврди смртта на Самир Махмуд Хасан Абу Јунис во соопштение и рече дека неговиот погреб ќе се одржи подоцна во текот на денот.

Убиството на Самир Махмуд Хасан Абу Јунис доаѓа во време кога израелската војска ги засилува целните напади врз преостанатото раководство на Хамас.

Пред два месеци, неговиот претходник на истата позиција беше убиен во сличен напад во јужна Газа.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата