Заврши бајката на третолигашот: Штутгарт беше пресилен за Арминија и го освои Купот на Германија!

24.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заврши бајката на третолигашот: Штутгарт беше пресилен за Арминија и го освои Купот на Германија!

Речиси цела Германија навиваше за Арминија, освен се разбира фановите на Штутгарт, да го освои пехарот во Купот на Германија. Таа бајка на третолигашот од Билефелд да заврши на спектакуларен начин, но бадијала. Таа бајка заврши на последната пречка, едноставно “швабите“ беа пресилни вечерва на Олимпискиот стадион во Берлин, иако Арминија се закани во самиот финиш на мечот, но сепак беше поразена со 2:4 и пехарот оди во Штутгарт.

Веќе во 28.минута финалето беше решено откако Штутгарт поведе со 0:3 и тоа со головите на Волтемаде, Вилот и Ундав. Во 66.минута Милот со уште еден гол донесе водство од 0:4.

Арминија сепак успеа да го ублажи поразот со головите на Каниа и автоголот на Вагноман за конечни 2:4.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата