Џирона настапи без Миовски: Серлот со хет – трик во убедливата победа на Атлетико Мадрид

25.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Џирона настапи без Миовски: Серлот со хет – трик во убедливата победа на Атлетико Мадрид

Џирона – Атлетико Мадрид 0:4 е епилогот од мечот попладнево во рамките на последното коло во Ла Лига. И веднаш да кажеме дека нашиот Бојан Миовски не беше во записникот кај домашните поради повреда.

Во натпревар без никакво резултатско значење, тимот на Диего Симеоне беше подобар, одигра далеку подобро од Џирона и заслужено победи и тоа убедливо.

Гостите поведоа со голот на Серлот во 68.минута, следуваше голот за 0:2 на Ленгле а Серлот со својот втор и трет гол во 90.минута и 90+3.минута ги постави конечните 4:0.

ФОТО: ФЦ Атлетико Мадрид/ФБ


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата