“Ушлето“ пристигна во Париз, започна шампионската парада! (ФОТО+ ВИДЕО)

1.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
“Ушлето“ пристигна во Париз, започна шампионската парада! (ФОТО+ ВИДЕО)

Конечно. Сега и Париз е шампионски град во ЛШ, откако вчера во Минхен тимот на ПСЖ со 5:0 го декласира Интер во финалето и испиша историја.

Попладнево експедицијата на новиот европски шамион со „ушлето“ пристигна во Париз со што започна и шампионската парада во градот на светлината.

Нешто подоцна шампионите ќе ги прими и претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Се очекува стотици илјади парижани да искочат на улиците и да ги поздрават шампионите.

ФОТО: ФЦ ПСГ/Х


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата