Промени и во управата на Јувентус по завршувањето на актуелната сезона. На функција стапува Дамиен Комоли, еден од најреномираните фудбалски работници во Европа.
Тој има извршувано функции во многу глубови ширум Европа, и тоа пред се како скаут на Арсенал, а беше директор во Ливерпул, Тотенхем, Сент Етјен и Фенербахче. ВО Торино доаѓа откако ја напушти функцијата на претседател на тимот на Тулуз во Франција.
Комоли ќе биде што се вели десна рака на извршниот директор Маурицио Сканавино и ќе биде одговорен пред се за првиот тим но и за маркетинг стратегијата.
„Возбуден сум и привилегиран што се приклучувам на клуб со толку богата историја, идентитет и амбициозна визија“, рече Комоли во изјава објавена на веб-страницата на Јувентус.
„Од првиот ден ќе го посветам моето искуство на Јувентус со крајна цел да постигнам успех, како што му доликува на Јувентус и како што нашите навивачи со право очекуваат“, додаде Комоли.
Фото Juventus X
Damien Comolli is the new General Manager of Juventus.
— JuventusFC 🇬🇧🇺🇸 (@juventusfcen) June 1, 2025