Спалети: Ни недостасува зрелост во играта

22.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Спалети: Ни недостасува зрелост во играта

Екипата на Јувентус синоќа направи нок кикс во домашниот Серија А шампионат, откако одигра на домашен терен само 1:1, против екипата на Сасуоло.

Иако поведе на време уште во 14. минута преку Кенан Јилдиз, сепак, Јуве не успеа да ја исконтролира ситуацијата. Прими гол во вториот дел кој што го постигна Пиамонти, за да Локатели во 87. минута промаши пенал за победа.

Тренерот Лучијано Спалети имаше доста доза на критика во својата изјава по мечот.

„Кога играш со четири дефанзивци, мора да ја прошириш играта и да создаваш ситуации еден на еден. Постојано им велев да ги бараат Јилдиз и Консеиоса, бидејчи Сасуоло беше притиснат во сопствениот шеснаесетник“, коментираше тренерот.

„Ако играте низ средината и ја изгубите топката, тешко е да ја вратите. Ако ја изгубите на крило, можете да го запрете контранападот и брзо да ја вратите топката во посед. Но, донесовме одлуки кои на крајот нè чинеа премногу често правевме погрешен избор, ни недостасуваше зрелост“, продолжи Спалети.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата