Слот: Шансите се тука но не ги реализираме

4.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Слот: Шансите се тука но не ги реализираме

Тимот на Ливерпул доживеа уште едно големо разочарување вчера откако во рамките од 29. коло од Премиер лигата загуби со 2:1 од тимот на Вулверхемптон.

Ситуацијата во таборот на „Редси“ е алармантна, затоа што неуспесите се редат, се повеќе се зборува за евентуална смена на Арне Слот, а тој пак по вчерашниот дебакл рече дека шансите се создаваат но не и користат.

„Лош резултат. Нашата игра во првото полувреме беше далеку од добра, додека во второто полувреме бевме малку поактивни. Се приближувавме сè повеќе и повеќе до голот, но наместо тоа примивме гол првиот пат кога противникот влезе во нашиот шеснаесетник“, коментираше Слот па додаде.

„Веднаш реагиравме и двапати бевме блиску до постигнување на победничкиот гол, но на крајот загубивме по одбиена топка таму немаше ниту вистинска ситуација за гол“, продолжи Холанѓанецот.

„Двојно е разочарувачки со оглед на тоа колку труд треба да вложиме за да постигнеме гол. Споменав пред натпреварот дека постигнуваме голови главно од прекини. Создаваме доволно шанси, но тешко ни е да ги претвориме во голови“, додаде тренерот на Ливерпул.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата