„Шумарите“ како гости го декласираа Тотенхем, Астон Вила славеше против Вест Хем

22.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Шумарите“ како гости го декласираа Тотенхем, Астон Вила славеше против Вест Хем
ФОТО:.facebook.com/officialnffc/

Во терминот од 15:15 часот беа одиграни два натпревари од 31-то коло на англиската Премиер лига, и беа постигнати следните резултати: Тотенхем – Нотингем Форест 0:3 и Астон Вила – Вест Хем 2:0.
Во дуелот со директниот ривал во битката за опстанок, Нотингем покажа дека е многу подобар и позрел тим, одигра совршен натпреварувачки натпревар во Северен Лондон и освои три „златни“ бода.
Тотенхем ја продолжи својата агонија, Игор Тудор дефинитивно не е „спасител“ и немојте да се изненадите ако го заменат за време на репрезентативната пауза, овој тим не доживеа триумф во домашното првенство 13 натпревари и е зрел за испаѓање. Ако навистина се случи тоа, ќе видиме една од најголемите сензации во фудбалот во овој век. Да потсетиме, Тотенхем е актуелен победник на Лигата на Европа.

Стрелци на головите за гостите беа Игор, Гибс-Ватјт и Авониви.
Астон Вила направи значаен чекор кон Лигата на шампионите и сега е на четвртото место со 54 бода.
Кога станува збор за средбата во Бирмингем, Вила со голот на Мекгин, со одличен удар од 17 метри, поведе со 1:0.
Оли Воткинс го зголеми резултатот на 2:0, кој во 68-та минута го собра „отадокот“ и го испрати во мрежата, по ударот на Роџерс и одбраната на голманот Херманесен.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата